Белата куќа за прв пат вработи трансродова личност

Рафи Фридман-Гурспан е првата трансродова личност вработена во Белата куќа. Таа ќе работи како личност одговорна за односи со јавноста во одделот за права на ЛГБТ заедницата.

Фридман-Гурспан, која го сменила полот минатата година, е првата личност која работи на оваа позиција.

Таа претходно работела како политички советник во Националниот центар за трансродова еднаквост. Водела и иницијатива за расна и економска правда во истата непрофитна организација, која се фокусира на трансродовите луѓе од малцинства и со мали примања.

Мара Килсинг, извршна директорка на Националниот центар за трансродова еднаквост, смета дека вработувањето на Фридман-Гурспан е „одличен избор“.

„Претседателот Обама рече дека сака неговата администрација да личи на Америка и направи чекор да вклуч и транс Американци“, изјавила. „Вештините и карактерот на Рафи ја прават вистинската личност за оваа работа“.

ЏоДи Винтерхоф, заменик претседател за политика и политички работи на Кампањата за човекови права, исто така го поздравува изборот на Рафи.

„Веруваме дека е огромна одлука на Белата куќа што го препозна лидерството на Рафи, како и важноста на тоа да се има трансродов лидер со важна улога во заедницата“, вели тој.

Извор: Mashable