„Beach Film Festival“ беше поканет да учествува како панелист на 26-та Евромедитеранска конференција за кино „Мобилно кино: ново коине за младите eвромедитеранци за поттикнување на мир и толеранција,“ која се одржа на 6 септември во рамките на 81. Венецијански филмски фестивал кој се одржуваше од 28 август до 7 септември.
„Настанот, организиран од Меѓународниот совет за кино и телевизија (CICT-ICFT) при УНЕСКО, има за цел да го истражи потенцијалот на мобилното кино како ново средство за културен дијалог, соработка и поттикнување на мир меѓу младите во
медитеранскиот регион“, велат од фестивалот.
Ана Опачиќ, директорка на „Beach Film Festival“, беше една од панелистите, заедно со истакнати личности од филмската индустрија и културни организации, кои споделија свои визии за иднината на киното и неговата улога во општествените промени.
На програмата на панелисти се најдоа и Магдалена Ландри, директорка на Регионалното биро за наука и култура на УНЕСКО во Европа и Алберто Барачини, Државен потсекретар, Пиерпаоло Сапорито Претседател на Опсерваторија за дигитална комуникација CICT ICFT при УНЕСКО, Кујтим Чашку режисер, Филмска и мултимедијална академија Маруби, Албанија, Алесандро Мандели основач на Сериали, Италија Ор Сиголи Jerusalim Film Festival, Ахмед Беџауи Интернационален филмски фестивал на Алжир, Ризван Ахмад Instructional Media Centre, MANUU, Индија, Ахмет Бојаџиоглу Festival on Wheels; Chairman, Ankara Cinema Association, Турција, Јасмина Бојиќ UNAFF Travelling Film Festival, Универзитет Стенфорд, САД и др.