Бања Лука прва во регионот доби полиција за кучиња

Градоначалникот на Бања Лука, Драшко Станивуковиќ на својот официјален профил на Фејсбук објави дека Бања Лука добила полиција за кучиња, која е прва од ваков вид во поширокиот регион, пренесува агенцијата Мета.

Според Станивуковиќ, целта на оваа служба е да се обезбеди подобра безбедност за граѓаните, почитување на обврските на сопствениците на кучиња, но и контрола на условите во кои живеат животните по посвојувањето.

„Ова е уште еден од плановите што ги реализиравме заедно со здруженијата за заштита на животните. Го уредивме прифатилиштето, ја организиравме кампањата „Посвои љубов“, поставивме хранилки за кучиња, а работиме на уште многу проекти кои наскоро ќе ви ги претставиме. Направивме многу кога станува збор за заштита на животните и грижа за домашни миленици и ќе продолжиме да го правиме тоа“, напиша Станивуковиќ.