Бабичка од Велика Британија сплете 450 ќебиња за кучиња во прифатилиште

89 годишната Мејзи Грин од Велика Британија досега сплетила 450 ќебиња за да им помогне на кучињата да се затоплат за време на студените ноќи.

Пред неколку години, прифатилиштето „Dogs Trust“ од Англија, започна иницијатива со која бараат од луѓето да плетат палта за кучињата. Идејата да им се помогне на животните плетејќи, била привлечна за Грин.

„Обожавам да плетам и сакам кучиња, така што ова е одличнa комбинација. Потребни ми се три дена за да сплетам ќебе, а еден ден да сплетам палто за кученце.  Тоа ме држи активна, а често сакам да плетам додека гледам телевизија. Задоволна сум што на некој начин им помагам на жителите на четири нозе“, вели 89 годишната Грин.

Таа своите плетки ги донира три пати годишно, а тоа го прави веќе три години.

„Мејзи редовно ги носи своите плетки и сме многу благодарни за нејзината поддршка. Како што доаѓа зимата, верувам дека нашите кучиња ќе се многу среќни што ќе имаат што да облечат и да се чуствуваат пријатно.“ велат од прифатилиштето.