АВМУ: Емитувањето платени политички реклами со малолетници е забрането

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги констатира дека повеќе телевизии емитуваат платено политичко рекламирање во кое учествуваат малолетници.

„Согласно Изборниот законик учесникот во изборната кампања е одговорен за содржината на огласите, соопштенијата, рекламите и другиот снимен материјал чиј нарачател се, но одговорност имаат и радиодифузерите имајќи го предвид член 76 став 3 од Изборниот законик во кој изричито е пропишано дека не е дозволено учество на малолетници во платено политичко рекламирање“, стои во реакцијата од АВМУ.

Нивната реакција доаѓа во склоп на мониторингот на изборното медиумско претставување за Локалните избори 2021 година, кои треба да се одржат на 17 октомври.