„Avec l’amour“ – кино на отворено во Градски парк Скопје

Следниот четврток (21 јуни), по втор пат овој месец, Град Скопје, Кино Милениум и МКЦ  организираат бесплатна проекција на филм на отворено. Со почеток во 22 часот, во Градскиот парк во Скопје, ќе се прикажува генијалниот документарен филм „Avec l’amour” на режисерот Илија Цветковски и продуцентот Атанас Георгиев.

Обезбеден ќе биде превод на англиски јазик. Проекцијата ќе се одржи на Школка.

„Lotus chairs/bean bags имате на располагање од страна на организаторите, но пак ви предлагаме да си понесете камперско столче или ќебенце во случај да се зафатени. Понесете си храна и пијалаци по желба. За отпадоците не мора да ви кажеме затоа што сите бевте доволно фини и ги собравте по проекцијата на Исцелител. Се надеваме дека и по оваа проекција ќе бидете во исто расположение“, порачуваат организаторите.

„Avec l’amour” е филм за професорот по биологија од Неготино, Дионис Пашлаков и за неговата пасија за собирање стари автомобили.

Дионис Пашлаков – неготинецот што спасува автомобили од отпад …

Дионис Пашлаков е професор по биологија во пензија, кој веќе 25 години создава своја колекција на олдтајмери. Тој го познава секој дел од неговите автомобили, како да е тоа човечката анатомија. За него, тоа се „миленици“, кои ги вдомил пред да бидат фрлени во отпад. Досега успеал да собере над 100 автомобили, мотоцикли, едрилица, како и булдожер, кој дошол на местото на несудениот тенк.Вели дека ова за него не е обврска, туку нешто што го прави со ќеиф, за градот, но и државата, да има наследство со кое ќе се гордее. Сепак, шест години, државата одбива финансиски да го поддржи сонот на овој човек.Радио МОФ го посети скромниот, но прекрасен музеј на Дионис. Во продолжение погледнете го нашиот разговор што го направивиме со него за време на посетата. ping Министерство за култура

Posted by Радио МОФ on Wednesday, 10 May 2017