Во 60-те години на 20-от век, популарната музика во САД и во Велика Британија била многу различна – се додека британските бендови, чии членови пораснале со американското културно наследство, втемелено на соул и ритам и блуз музиката, не се пробиле на пазарот во САД. Тие понудиле своја интерпретација на овој звук – всушност, рокот во овој момент за првпат станува поп, а овој феномен во историјата на популарната култура е познат како „British Invasion“.
Слушнете ја оваа плејлиста на песни и бендови кои засекогаш ја променија поп музиката. Меѓу нив се: The Beatles, The Who, Rolling Stones, The Animals…