[Аудио] Компилација од песни на музичари кои настапувале на БОШ фестивал

БОШ фестивал објави компилација од неколку песни од различни изведувачи кои биле дел од фестивалот во изминатите 10 години. Со оваа компилација, организаторите ја најавуваат втората декада на овој фестивал.

Фестивалот годинава ќе се одржува од 22 до 25 август во Гевгелија. Програмата не е целосно објавена, но од она што е досега познато е дека ќе има настап на Фолтин и ТрапДаФакАп. Фестивалот започна пред 11 години, во чест на прерано починатиот актер и поет Бошко Бозанџиевски. Досега се претставени голем број самосотојни и групни изложби, музички настапи и проекции на филмови, работилници , перформанси, инсталации, театарски претстави.