(аудио) „АМАН“ утре ќе одржи протестен марш и ќе предаде 13.000 потписи во Собранието

Граѓанската иницијатива „АМАН“ денеска (30 јануари) ќе одржи протестен марш кој ќе започне во 14 часот кај спомен – куќата на Мајка Тереза, а ќе заврши пред Собранието на Република Македонија, со предавање на 13.000 потписи, кои беа собрани во официјална постапка за предлагање на закони до Парламентот директно, од граѓаните.

Слушнете ја изјавата на Петрит Сарачини од „АМАН“ од денешната прес-конференција на граѓанската иницијатива:

Izjava na Petrit Saracini od gragjanskata inicijativa „AMAN“ by Radio Mof on Mixcloud

Во соопштението на „АМАН“ проследено до медиумите се вели дека граѓанската иницијатива ќе продолжи да дејствува преку различни форми на граѓански активизам, вклучувајќи вакви иницијативи до Парламентот но и до многу други институции. “Нема да сопреме, секогаш ќе ги предизвикуваме институциите да работат подобро, во интерес на граѓаните”, се нагласува на крајот на соопштението на граѓанската иницијатива.