Аудиција за новиот игран филм „Врба“ на Милчо Манчевски

СЕКТОР филм продукција и режисерот Милчо Манчевски ги повикуваат младите на аудиција за неговиот нов игран филм „Врба“.

„Доколку сте на возраст од 18 до 32 години и актерството Ви е остварена или планирана професија, Ве молиме да не контактирате на vrbacasting@gmail.com за да ви доставиме дополнителни информации за аудицијата“, стои во повикот.

За актерите и актерките од другите возрасти ќе следува повик во текот на следниот месец, информираат од продукцијата.