Астросфера

Емисијата е посветена на астрономијата и сродните науки. Водители на емисијата се вљубениците во астрономијата Елена Грнчаревска и Јован Паповски, а како стручни помагачи се двајцата наши членови Мартин Стојановски и Филип Парталовски. Се разбира, во некоја од емисиите ќе бидат гости и други членови на Скопското астрономско друштво.

-Во секоја емисија ќе може да чуете најразновидни теми од областа на астрономијата во кои преку разговор ќе Ви ги приблежиме интересните и најинтересните теми, најавуваат водителите на Астросфера.

Се надеваме ќе не слушате!