Архитектите во Исланд ги претвораат електричните далноводи во огромни човечки статуи

Архитектите од Choi and Shine сакаат да го трансформираат начинот на кој се градат далноводите.

Нивниот Land of Giants дизајн, предложен уште во 2008 година, е составен од електрични далноводи како статуи со човечки облик, кои ги декорираат полињата во Исланд. Архитектите Jin Choi и Thomas Shine се креаторите на иновативниот и екпериментален начин на решавање на електричните дотоци.

„Како статуите на Велигденските острови, замислено е овие модерни скулптури да заземат тивок авторитет, припаѓајќи му на пејсажот, а сепак служејќи им на луѓето, тивко пренесувајќи ја електричната енергија низ површината, дење и ноќе, на сонце и на снег“, пишуваат дизајнерите на својата веб страница.

Извор: Bored Panda