„Априлијада 2019“ утре на скопскиот плоштад „Македонија“

Детски културен центар „Карпош“ и Град Скопје утре (1 април) од 12 до 19 часот на скопскиот плоштадот „Македонија“ организира детска журка, „Априлијада 2019’.

Манифестацијата оваа година се одржува под мотото „Скопје се смее“.

„Ве очекуваме да се забавуваме заедно со: Златно Славејче, децата со Даунов синдром од Трисомија21, децата од музичкото училиште Music House, Мина Блажев, Елита Зибери и Лина Пејовска, Александар Митевски, Арбен Бени Шаќири, DJ Ampov“, соопштуваат организаторите.

Исто така, најавено е специјално изненадување со деца од основните училишта.