Скоро половина од случаите на малолетничко онлајн сексуално насилство се случиле на апликации во сопственост на Фејсбук

Скоро половина од сите онлајн, детски секс-криминали се случиле на апликации во сопственост на Фејзбук, се вели во истражувањето спроведено од „NSPCC“ – британска детска хуманитарна организација.

Бројките кои полицијата ги добила од организацијата откриле дека во 2018 имало 4000 случаи на злоупотреба на деца, споделување на слики и сексуални престапи на апликациите Фејсбук, Инстаграм и ВацАп.

Организацијата предупредува дека плановите за целосно криптирање на пораките на социјалните мрежи ќе резултира со голем број недетектиран онлајн, детски секс-криминал. Овој вид на енкрипција станува сѐ популарен бидејќи спречува содржината на пораката да биде видена од некој друг освен од испраќачот и примачот.

Оваа година, директорот на Фејсбук, Марк Цукерберг ја откри неговата замисла за платформа која ќе биде фокусирана на приватноста, повикувајќи се на корисниците кои бараат подобро да се заштитат нивните податоци.

„Луѓето очекуваат нивните приватни разговори да бидат безбедни и да бидат видени само од оние кои ја добиваат пораката, а не хакери, криминалци, љубопитни влади, па дури ни од луѓето кои работат на оперативните сервиси“ – напиша Цукерберг во детален блог- пост во март.

„Некои од луѓето се загрижени дека нашите сервиси имаат пристап до нивните пораки и го користат за таргетирање при рекламирање или на други неочекувани начини. Целосната енкрипција е важна алатка за креирање на социјална мрежа која е фокусирана на приватноста.“

Популарната апликација ВацАп која беше купена од Фејсбук во 2014, веќе има поставено енкрипција за да ја заштити приватноста на своите корисници, но „NSPCC“ тврди оваа алатка и отежнува на полицијата да ги разоткрие потенцијалните криминали кои се случуваат на платформата.

Само 3% од вкупниот број на онлајн, детски секс-криминали се случиле на ВацАп, што според организацијата е резултат на мерките за приватност.

„Наместо да се работи на заштита на децата и да се направи онлајн светот побезбеден, Фејсбук им дава простор на криминалците да се кријат во сенка“- вели Енди Буроуз, шеф на онлајн полисата за детска безбедност на Фејсбук.

„Премногу долго, Фејсбук повторува дека се движи брзо и урива рекорди, но овие бројки даваат јасна слика дека илјадниците онлајн, детски секс-криминали ќе поминат незабележани, доколку од Фејсбук ги спроведат своите планови без да ги проверат.“

Буроуз повика Фејсбук да не ја воведува целосната енкрипција за пораки кои се испратени или примени од детските профили на апликациите на Фејзбук. Тој исто така рече дека наредната влада треба да воведе регулација за должност за заштита на децата на интернет.

Но, плановите на Фејсбук за целосна енкрипција нема комплетно да ја игнорираат безбедноста на корисниците. “Луѓето треба да очекуваат дека ние ќе направиме сè што е возможно за да бидат безбедни на нашите сервиси, во границите на возможното кога станува збор за криптиран сервис„ – стои во постот на Цукемберг.

Сепак, ваквите гаранции беа игнорирани од секретарот за внатрешни работи Прити Пател, кој претходно оваа година го обвини основачот на Фејсбук за создавање „дигитална слепа точка“ која дозволува на педофилите и терористите да се скријат.

„Нема место за експлоатација на деца на нашите платформи. Ние користиме технологија за да ја отстраниме и развиваме начини да откриеме повторувања во штетното однесување со цел да го забраниме и да ги пријавиме одговорните“ – вели портпаролот на Фејсбук.

„Соработуваме со надлежните органи за заштита на децата во Велика Британија и се консултираме со експерти за најдобрите начини за спроведување на безбедносните мерки пред целосно спроведување на криптирањето“.

Извор: Independent