Антверпен постави патеки за пишување пораки на мобилен телефон

Белгискиот град Антверпен постави специфични патеки, слични на оние за возење велосипед, за пешаците кои се постојано на нивните мобилни телефони.

Пешачките патеки, обележани со бела боја и знакот „патека за пишување“ се дизајнирани да им овозможат на оние кои пишуваат на нивните телефони да пешачат без да ги попречуваат останатите пешаци.

Линиите се поставени од холандската компанија за паметни телефони, MLab. Целта е да се спречи појавата на скршени екрани, копчиња и случаи кога корисниците на мобилни телефони се судираат со пешаците.

Минатата година, The Independent објави дека денеска има повеќе мобилни уреди на планетата, отколку што има човечки суштества. Досегашните проценки велат дека бројката на мобилни уреди достигна околу 7 520 000 000, додека светското население се проценува на околу 7 250 000 000, според податоците од страна на американското Биро за попис.