Анима Мунди: Со народни пари ќе се први масакр врз животните поради африканската чума

Здружението „Анима Мунди“ упати силни критики за мерките со кои државата ќе се справува против африканската чума, а кои вклучуваат субвенции за секоја убиена дива свиња.

„Свињската чума не е опасна за луѓето, а само Македонија планира масакр на свињите, додека мерките во нашето соседство се сведуваат на хигиена, дезинфекција, исклучување на контакт, односно, движење на животните, пријавување на секое угинато животно, забрана за увоз и извоз. Само Македонија ќе потроши а 65 милиони денари за овој брутален колеж – надокнада од 3.000 денари за секоја заклана свиња од страна на селските домаќинства, парична награда од 1000 денари за ловџиите за секоја застрелана единка. Каде живееме ние, се срамиме и ни се гади!“, велат од „Анима Мунди“.

Од здружението бараат Владата итно да ги отповика мерките. Претходно, надлежните најавија дека со отстрел на дивите свињи, уништување на питомите свињи кои не се под биосигурносен надзор и царински контроли, ќе се справуваат со болеста африканска чума која се појави во околните држави. Надлежните проценуваат штета од над сто милиони евра доколку болеста се појави и во земјава.