Американскиот метал бенд „Cannibal Corpse“ ќе настапи во МКЦ

Американскиот метал бенд „Cannibal Corpse“ доаѓа во Скопје и на 18 јуни ќе има концерт во Младинскиот културен центар.

„Cannibal Corpse“ се бенд од првата петорка на американската „death metal“ школа од крајот на 80тите и почетокот на 90тите години, бенд кој буквално измисли свој правец, кој никогаш не застрани и кој инспирираше и се уште инспирира нови генерации од целиот свет да свират „Cannibal“ рифови.

Предводени од виртуозот на бас гитара Alex Webster, машината за рифови Rob Barret и буквално вистинскиот звер на микрофон George ‘Corpsegrinder’ Fisher, Cannibal Corpse повеќе од 30 години се неприкосновени во металскиот свет.

Со 14 студиски албуми позади себе и десетици други изданија, секако важат за еден од најкреативните бендови. „Red Before Black“ е нивниот последен опус кој летово ќе го презентираат низ Европа, и за прв пат ќе свират и кај нас.

Првите 100 карти ке бидат по промотивна цена од 800денари, потоа 1000 денари, а на денот на концертот влезницата ќе биде 1200денари.