Американски фоторепортер почина во напад во Авганистан

Познатиот и наградуван американски фоторепортер и видео монтажер, Дејвид Гилки, почина заедно со својот преведувач, додека биле на задача во јужен Авганистан.

Дејвид Гилки, кој работел за National Public Radio и авганистанскиот преведувач Забихула Тамана, патувале заедно со авганистанска воена единица близу до Марџа, провинцијата Хелманд, кога конвојот бил нападнат.

Двајца други новинари на NPR, Том Боуман и продуцентката Моника Евстатиева, не се повредени.

Гилки ги покривал конфликтите и војните во Ирак и Авганистан од нападите на 11 септември 2011 во Вашингтон и Њујорк, и се обврзал дека ќе и помогне на јавноста да ги види војните и луѓето кои патат од нив, изјавил за Independent заменик претседателот за вести и програмски уредник на NPR, Мајкл Орескис.

„Како човек и како фоторепортер, Дејвид го прикажуваше човештвото на луѓето околу него. Ни дозволи да го видиме светот и да се видиме еден со друг, преку неговите очи“, додава.

Гилки има добиено голем број награди и признанија, меѓу кои и престижната Џорџ Полк награда и национална Еми награда.

Асоцијацијата на фотографи на Белата куќа го именувала за фотограф на годината во 2011 и 2015 година, а е и првиот мултимедијален новинар кој ја добил Едвард Р Мароу наградата за покривањето на интернационални најнови вести, воени конфликти и природни катастрофи.

Дваесет и седум новинари (без Гилки и Тамана) се убиени во Авганистан од 1992 година, според Комитетот за заштита на новинари. На светски план, речиси 1200 новинари починале од 1992 година до денес.

Во негово сеќавање, медиумот објави дел од најдобрите фотографии на Гилки, кои може да ги погледнете во продолжение:

-f2ef68f8e58013efc10fced5a37f3fa7ec113c39-s1300-c85