Allweb средба на тема краудфандинг – групно финансирање

Првиот од серијата настани во организација на AllWeb, првата македонска конференција за дигитален маркетинг, ќе се одржи на 18 април во Јавна Соба, Скопје.

Темата е групно финансирање (crowdfunding), а гостин на настанот ќе биде Хрвоје Хафнер (@hafomatic), автор на блогот Crowdfunding.hr и еден од пионерите на овој феномен на балканските простори. Влезот на овој настан ќе биде бесплатен, а бројот на места е ограничен.

AllWeb, првата конференција за дигитален маркетинг во Македонија започнува со организација на серија мини-настани со цел отворање на актуелните дискусии околу дигиталните комуникации, маркетингот и бизнисот во текот на целата година.

За повеќе информации контактирајте со Дарко Булдиоски, на 070/ 30 70 40 или на darko@newmedia.mk.