„Алиса и чудата“ во театарот „Сенки и облаци“

Во театарот „Сенки и облаци“ вечер (18 јули) од 19 часот ќе се одржи „Алиса и чудата“, претстава во сенки без текст, за деца и возрасни.

Според најавите на театарот, ова е најновиот спектакл на „Сенки и облаци“, кој ја разгледува темата за постоењето на времето како можеби единствениот репер за допир со реалноста.

„Алиса на своето патување во земјата на чудата среќава разни ликови, секој од нив со свои длабоки верувања за тоа што претставува времето, а кои единственото нешто што ги поврзува е состојбата на истовремен хаос и статус кво. ‘Колку е часот? Предмалку беше 6, a сега е повторно 6. Засекогаш 6’, стои во најавата на претставата.

Од „Сенки и облаци“ потенцираат дека преку уникатното визуелно изразување со помош на сенките, светлината и белото платно, оваа претстава си поигрува со фантазијата на публиката, притоа, не заборавајќи да потенцира дека сите ние заеднички ја делиме одговорноста за времето да почне да се движи и часовникот најпосле да проработи.

Билетите изнесуваат 200 денари. Повеќе инфо ТУКА.