Актите се кастрирани“ – дебитантска поетска книга на Катерина Гогова

„Актите се кастрирани“ е дебитантска поетска книга на Катерина Гогова која деновиве излезе од печат во издание на „Современост“ од Скопје. Збирката вклучува 48 песни поделени на четири циклуси и воведна песна.

Катерина Гогова е родена 1989 година во Дојран. Студент е на Медицинскиот факултет и е дел од тимот на Здружението на граѓани ХОПС − Опции за здрав живот, каде работи во програмата за намалување на штети кај корисници на дроги.

Младата поетеса е дел од неформалната граѓанска иницијатива „Ретвитни оброк“ која има за цел рециклирање и донирање храна на социјално загрозени категории граѓани.