Aкција за донирање книги на лица со Алцхајмерова болест

Од утре (понеделник) започнува акција за донирање на книги за лицата болни од Алцхајмерова болест, со цел да им се помогне во нивната борба.

Организатор на акцијата е Фејсбук групата „Книгохоличари” во соработка со д-р Драган Илијевски од Здружението за Алцхајмерова болест.

Книгите може да се донираат во библиотеките „Славко Јаневски” на ул. Димитрие Чуповски 23/1-1 и „Ацо Шопов” во ТЦ „Беверли Хилс“ на втор кат.