Акција на „Гринпис“ во Париз против нелегалниот увоз на дрва

Ова утро, десетина активисти во Франција од еколошкото здружение „Гринпис“ поставија тропско дрво од 8,5 метри височина и четири тони тежина пред Министерството за екологија во Париз и извикуваа „Незаконски дрва, власта не се грижи“, како и „Незаконско дрво, две години без акција“.

Активистите, кои беа облечени во униформи на вработените од Бригадата за контрола на увозот на дрва, побараа од француската влада да го спроведе законот против нелегалниот увоз на дрва.

Оваа акција доаѓа две години откако на трети март, 2013 година, стапија на сила Европските регулативи со цел да се запре увозот на нелегални дрва во Европа.

„Веќе две години како француската влада го одолговлекува спроведувањето на европските регулативи“, објаснува Фредерик Амиел, од француското претставништво на интернационалната организација „Гринпис“.

Според Амиел, покрај усвојувањето на законот во Франција ниту една проверка не е направена, ниту пак е назначен ревизор.

„Ова дрво доаѓа од сомнителна локација во близина на пристаништето во Ла Рошел. Министерот мора веднаш да нареди имобилизација и да отвори истрага на шумата“, додаде тој.

За две недели, голем број на интернет корисници испратија повеќе од 100 000 пораки до министерот за екологија и неговите блиски соработници барајќи од нив да преземат акција.

Европската регулатива има за цел да ги поттикне увозниците на дрво да купуваат. На нив останува да докажат дека ги направиле сите напори за да го намалат ризикот од незаконитоста на производите што ги увезуваат.

Причината поради којашто еколошките здруженија реагираат на овој проблем е поради тоа што Франција претставува една од главните порти во Европа за влез на дрва од земји со висок ризик на незаконитост како што се Бразил и Демократската Република Конго. Еколошките организации сметаат дека прописите на Европската унија се клучна алатка во борбата против уништувањето на шумите, а со тоа и против климатските промени.

Извор: greenpeace.fr