АД Електрани планира РЕК „Осломеј“ во иднина да работи со поголем интензитет

Планот на АД Електрани е РЕК „Осломеј“ во Кичево во иднина да работи со поголем интензитет од претходно. Ова го најави генералниот директор и претседател на Управниот одбор на АД ЕСМ, Васко Ковачевски, при вчерашната работна посета на „Осломеј“.

,,Ќе се работи скромно, со постоечките ресурси и без непотребни трошоци, но ќе се спроведат сите набавки кои ви се неоходни за работниот и производниот процес, за да нема никаков застој во истиот“, рече генералниот директор Ковачевски на директорите и раководителите во комбинатот.

При средбата биле утврдени чекори за забрзување на сите постапки кои се неопходни за нови ископи на јаглен во рамките на рудникот на РЕК „Осломеј“. Ковачевски упатил на поголема соработка меѓу РЕК „Осломеј“ и РЕК „Битола“, и на заемно искористување на заедничките капацитети на знаење и техничка логистика во рамките на АД ЕСМ.

„Генералниот директор се сретна и со претседателот на синдикатот на РЕК „Осломеј“, кој на раководството на компанијата му презентираше дел од активности, кои се реализираат преку членарина, но исто така и преку средствата кои АД ЕСМ, согласно законот, годишно и ги префрла на синдикалната организација, за синдикални активности за вработените во компанијата, но и за општествено-одговорни проекти и помагање на локалната заедница“, соопштија од АД ЕСМ.

Рестартираниот „Осломеј“ повеќе ќе загадува отколку што ќе создава енергија