Абдулменаф Беџети стана нов ректор на УЈИЕ во Тетово

Академик Абдулменаф Беџети е назначен за нов, трет по ред, ректор на Универзитетот на Југоисточна Европа  (УЈИЕ) во Тетово. Тој доаѓа на местото на Замир Дика кој беше ректор во два мандата.

Како што изјави академикот за време на свеченоста по повод именувањето за ректор, негов приоритет е  подобрување на квалитетот на Универзитетот, а со тоа и подобрувањето на животот на општеството.

„Предизвиците во образованието воопшто, а особено во високото образование, стануваат сè поочигледни. Иселувањето на населението кон Запад за подобар живот не е само поради материјални и финансиски тешкотии. Голем број семејства и поединци продолжуваат да се движат во потрага по високо квалитетно образование. Единствениот начин да се ублажи интензитетот на овој академски егзодус е да се подигне и да се подобри квалитетот на образованието“, рече Беџети.