Додека сопствениците на супермаркети велат дека CCTV-камерите со вештачка интелигенција значително им помагаат, критичарите предупредуваат на сериозни етички и приватносни ризици.
Илјадници супермаркети во Франција користат ВИ за откривање кражби, анализирајќи ги движењата на купувачите во реално време и означувајќи сомнително однесување. Софтверот испраќа краток видео-клип до персоналот кога ќе забележи гестови како криење производ во торба.
Технологијата им ги намалила загубите на многу продавници, но отвора прашања за приватност и транспарентност. Управител од Монрeј изјави дека најчест сигнал е „криeње“, по што сите вработени внимаваат на камерите.
Сепак, системот е во правна сива зона. Нема посебен закон што дозволува ваков вид ВИ-надзор во трговски простории, ниту обврска купувачите да бидат информирани. CNIL предупредува дека станува збор за масовна обработка на лични податоци без јасна правна основа.
И покрај тоа, стартапот Veesion опремил илјадници продавници. Дебатата каде завршува безбедноста, а почнува надзорот, продолжува.
Извор: EuroNews / Freepik



