72 нови случаи на Ковид-19 и три починати лица изминатово деноноќие

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа регистрирани се 72 нови случаи на Ковид-19 од вкупно направени 793 тестирања.

Новите случаи се во: Скопје-24, Струга-9, Куманово-6, Дебар-4, Гостивар-4, Кочани-3,  Гевгелија-3, Делчево-3, Штип-3, Тетово-2, Прилеп-1, Велес-1, Охрид-1, Кавадарци-1,  Крива Паланка -1, Радовиш-1, Пробиштип-1, Берово-1, Валандово-1, Виница-1 и Свети Николе-1.

Претходново деноноќие од вирусот починати се 3 лица: пациентка од Струмица (44), пациент од Гостивар (58) веднаш по прием и еден пациент од Охрид (79). Сите се починати во болница.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 54 оздравени пациенти.

Вкупната бројка на дијагностицирани од коронавирусот во Северна Македонија од почетокот на епидемијата изнесува 15.293,  бројката на оздравени пациенти е 12.754, на починати е 634, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 1.905.

Направените 793 теста се преку: ИЈЗ-254, ЦЈЗ Скопје-7, Авицена-181,  Биотек-80, МАНУ -0, Жан Митрев (Филип Втори)-121, Систина со PCR метода -98, лабораторија Лаор –1, Судска медицина-0, ЦЈЗ Битола-33, Инфективна клиника-4, ГАК-14, лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 160.180 тестирања на Ковид -19.  Нема тестирања во рамките на скринингот.

Министерството за здравство информира и дека:

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 7 пациенти.  Вкупно се хоспитализирани 87 пациенти. На кислородна поддршка се 63, нема пациенти на механичка вентилација.

Во болницата во Козле хоспитализирани  се  2 деца и 3 мајки позитивни на Ковид-19, 5 деца и 2 мајки суспектни на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ примени се 6, а вкупно хоспитализирани се 26 пациент. На респираторна машина се 4 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 14, а во болницата во Штип се хоспитализирани 57 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 121, позитивни и сомнителни на Ковид-19. а

* Оваа содржина е изработена со помош на Европската Унија во рамките на Проектот за младинско изразување. За објавените содржини е одговорен Младински образовен форум и истите нужно не ги одразуваат ставовите на Европската Унија.