40 години од вокменот на „Сони“

Пред 40 години, „Сони“ направи револуција во начинот на слушање музика.

Вокмен – пренослив плеер на касети, за првпат овозможи да се носи музиката насекаде. Тој се појави на пазарот во јули, 1979 година.

Сепак, ваквиот плеер не беше прв од овој вид, но беше првиот музички плеер кој е финансиски прифатлив и лесен за користење.

Вокменот се користеше и по појавата на ЦД-то.

Иновациите како „Вокмен 2“ во 1981 и „Дискмен“ во 1984 година, и’ помогнаа на „Сони“ да остане на врвот на преносливиот музички свет. Но, продажбата почна да се намалува откако „Епл“ го претстави „АјПод“ во 2001 година и дигиталните преземања почнаа да доминираат.