3,5 години затвор за Аљими и Гури поради фалсификување изборни резултати во 2013

Три години и шест месеци затворска казна добија Ејуп Аљими и Исмет Гури кои беа осудени за изборни измами за време на локалните избори во 2013 година, кога како членови на Општинска изборна комисија во Чаир уништувале изборен материјал и фалсификувале изборни резултати во корист на политичката партија ДУИ.

Аљими е актуелен пратеник од редовите на ДУИ во сегашниот собраниски состав, кој се распушти по одлуката за вонредни парламентарни избори.

Случајот во јавноста беше познат како „Титаник 3“ и траеше околу две години откако го отвори Специјалното јавно обвинителство. По престанокот на постоење на СЈО, предметот прогдолжи во рамките на Основното јавно обвинителство.

Кривичниот суд истовремено одлучи на осудените да им се одземат пасошите како мерки за претпазливост.

Пресудата е првостепена и странките имаат право на жалба до Апелацискиот суд во Скопје.