336 нови случаи на Ковид-19 – пријавени 17 починати лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се регистрирани 336 нови случаи на Ковид-19, при направени 3.425 тестирања. Оздравени се 222 пациенти, а пријавени се 17 починати лица.

Новите случаи се регистрирани во: Скопје – 169, Велес и Струмица – по 21, Куманово – 17, Охрид и Кавадарци – по 15, Битола – 14, Штип – 13, Кочани – 11, Свети Николе – 10, Прилеп – 6, Тетово – 4, Кичево, Гевгелија и Крива Паланка – по 3, Виница, Кратово и Македонски Брод – по 2, Струга, Радовиш, Дебар, Берово и Демир Хисар – по 1.

„Во текот на изминатите 24 часа починале 17 лица: по 5 починати лица од Скопје (85г, 81г, 67г, 59г и 56г) и Куманово (82г, 72г, 70г, 67г и 57г), 2 починати лица од Охрид (89г и 38г) и по едно починато лице од  Штип (68г), Велес (88г), Ресен (74г), Радовиш (79г) и Валандово (81г). Сите пријавени лица се починати во болнички услови. Дополнително, согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од Мој Термин, не се пријавени починати лица“, информираат од министерството.

Со ова, вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во земјата од почетокот на епидемијата изнесува 189.887, бројката на оздравени пациенти е 170.956, на починати е 6.594, а бројот на активни случаи изнесува 12.337.

Досега во земјата се направени вкупно 1.277.428 тестирања на Ковид-19.