Израел го изврши најсмртоносниот напад во центарот на Бејрут од почетокот не војната со Хезболах што се интензивираше минатиот месец. Либанското министерство за здравство вели дека во нападот се убиени најмалку 22 луѓе, пренесува „Би-Би-Си“.
117 други се повредени, а спасувачите копаат низ урнатините во Бачура, мала шиитска област во главниот град каде се случија нападите.
Медиумите ги цитираат безбедносните извори кои велат дека Вафик Сафа, близок соработник на убиениот лидер на Хезболах, Хасан Насрала и очигледна мета на последните напади – преживеал.
Немаше предупредување пред да започнат воздушните напади кои погодија станбени згради во две густо населени населби во Бачура, Бејрут.
Ова е третпат Израел да лансира воздушни напади во градот, надвор од предградието Дахиех каде што постојано напаѓа.
Нападот се случи вчера околу 20 часот. Израел сè уште не коментираше дали е одговорен. Во меѓувреме оттаму вчера соопштија дека Хезболах истрелал повеќе од 190 проектили од Либан во Израел.
Повеќе од 10.000 мировници на Обединетите нации ќе останат во јужниот дел од земјата поради зголемената загриженост за нивната безбедност, откако двајца мировници вчера беа повредени во пукање од израелски тенк врз караула.