Изложба на Елена Поповска во „Концепт 37“

Во „Концепт 37“ на 12 април (петок) од 20 часот ќе биде отворена изложбата на сликарката Елена Поповска – Акрил на платно.

Елена Поповска е дипломиран забен техничар – протетичар и е самоук сликар.

„Слика од своето рано детство и е своевремено повеќе пати наградувана. Иако е посветена на својата струка и денталната уметност, нејзината прва љубов е сликањето на платно и танцот со боите и четките“, стои во најавата за изложбата.

Учествуваше на интернационалната изложба „In Situ Skopje 2018“ во МКЦ. Ова е нејзина прва самостојна изложба.