18 починати лица и 389 нови случаи на коронавирус изминативе 24 часа

Министерството за здравство информираше дека последново деноноќие регистрирани се 389 нови случаи на Ковид-19 од вкупно направени 2.633 тестирања.

Новите случаи се регистрирани во: Скопје – 179, Битола – 33, Штип – 25, Куманово – 20, Прилеп – 17, Охрид – 15, Кавадарци и Струмица – по 14, Кочани и Гевгелија – по 11, Струга – 7, Тетово и Велес – по 6, Неготино и Демир Хисар – по 4, Кичево, Свети Николе, Ресен и Делчево – по 3, Крива Паланка, Радовиш, Виница, Пробиштип и Кратово – по 2, Демир Капија – 1.

Изминативе 24 часа регистрирани се и 18 починати лица: 7 починати лица од Скопје (92г, 90г, 88г, 76г, 72г, 70г и 35г), по 2 починати лица од Валандово (70г и 64г), Кавадарци (74г и 71г), Крива Паланка (88г и 78г), и по едно починато лице од Куманово (62г), Струмица (78г), Свети Николе (86г), Велес (66г) и Тетово (49). Од пријавените сите лица се починати во болнички услови.

„Во однос на 35 годишното починато лице од Скопје, истото е со дијагноза Sy anxyosum, Obesitas, HTA и шизотипно растројство, 49 годишното починато лице од Тетово е со дијагноза HTA и St post Tromboflebitis, пациентката била на антикоагулантна терапија“, додаваат од Министерството.

Министерството за здравство информира и дека регистрирани се 308 оздравени пациенти.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во Северна Македонија од почетокот на епидемијата изнесува 212.220, бројот на оздравени пациенти е 196.249, на починати е 7.436, а бројот на активни случаи изнесува 8.535. Досега направени се вкупно 1.449.036 тестирањата Ковид-19.