18 лица загинаа по тајфунот кој ја зафати Јапонија, илјадници војници во спасувачка акција

Јапонија испрати десетици илјади војници и спасувачки единици за да спасуваат граѓани заробени по еден од најголемите тајфуни кои ја зафатија државата во поновата историја и кои засега однесоа 18 животи.

Јавниот медиумски сервис НХК соопшти дека како исчезнати се водат дополнителни 13 лица, откако тајфунот Хагибис направи големи штети во централна и источна Јапонија, накратко го парализираше Токио, а остави скоро половина милион домови без електрична енергија.

За време на невремето биле откажани 800 летови, како и некои од супер-брзите возови на локациите кои биле најпогодени.

Иако властите го повлекле предупредувањето од дождовите за регионот Канто, околу главниот град Токио, сепак тие напоменуваат дека останува ризикот од излевање на реките во источна Јапонија.