136 нови случаи на Ковид-19 и шест починати лица изминативе 24 часа

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се регистрирани 136 нови случаи на Ковид-19 од вкупно направени 991 тестирања.

Податоците за новозаболените според градови се: Скопје-46, Штип-14, Гостивар-13, Тетово-12, Струга-9, Дебар-7, Куманово-6,  Свети Николе-5, Кичево-4, Ресен-4, Радовиш-3, Охрид-2, Демир Хисар-2, Струмица-2, Крушево-2, Кочани-1, Пробиштип-1,  Кратово-1, Прилеп-1 и Велес-1.

Претходниве 24 часа од коронавирусот починале шест лица. Двајца пациенти од Скопје, и Струга и по еден од Гостивар и Куманово.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починати се четворица пациенти на возраст од 46, 53, 63 и 69 години. Во ГОБ „8 септември“ почина пациент на возраст од 42 години. Во ОБ Куманово починат е пациент на возраст од 80 години.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира и 123 оздравени лица.

Вкупната бројка на дијагностицирани од Ковид-19 во Северна Македонија од почетокот на епидемијата изнесува 8.111, бројката на оздравени пациенти е 4.203, на починати е 382, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3.526. Во моментов дистрибуцијата по градови е следна:

• Скопје 3.848, активни 1.830

• Куманово 854, активни 186

• Дебар 151, активни 89

• Штип 444, активни 172

• Прилеп 296, активни 63

• Тетово 868, активни 320

• Струга 320, активни 161

• Велес 202, активни 35

• Битола 69, активни 26

• Охрид 225, активни 133

• Кавадарци 25, активни 17

• Гостивар 229, активни 143

• Гевгелија 12, активни 2 (*2 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Богданци)

• Струмица 24, активни 16

• Крива Паланка 19, активни 9

• Радовиш 8, активни 4

• Крушево 12, активни 7

• Кочани 77, активни 15

• Пробиштип 36, активни 24

• Демир Хисар 8, активни 7

• Македонски Брод 8, активни 4

• Пехчево 6, активни 1

• Берово 4, активни 1

• Валандово 6, активни 0

• Виница 4, активни 1

• Делчево 1, активни 0

• Кратово 6, активни 3

• Свети Николе 117, активни 110

• Кичево 73, активни 62

• Ресен 138, активни 82

• Неготино 21, активни 3 (* 10 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

Направените 991 теста во изминатово деноноќие се преку: ИЈЗ-433, ЦЈЗ Скопје-36, Авицена-126, Биотек-85, МАНУ -112, Жан Митрев (Филип Втори) -14, Систина со PCR метода -156, Судска медицина -0, ЦЈЗ Битола-29. Досега во земјата се направени вкупно 77.160 тестирања на ковид -19.  Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

Од Министерството за здравство информираат и дека:

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 4 пациенти.  Вкупно се хоспитализирани 87 пациенти. На кислородна поддршка се 55 пациенти, нема пациенти на респираторна машина.

Во болницата во Козле се хоспитализирани 22 возрасни пациенти позитивни на ковид-19, 5 деца позитивни и 1 дете суспектно на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ примени се 7 нови, вкупно хоспитализирани се 95 пациенти. На респираторна машина се 4 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 27, а во болницата во Штип се хоспитализирани 53 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар и Струмица се хоспитализирани 114 пациенти – позитивни и сомнителни на ковид-19.