130 новозаразени, 2 починати и 152 оздравени случаи од ковид-19 во последното деноноќие

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1742 тестирања, а регистрирани се 130 нови случаи на ковид-19 во и тоа 40 во Скопје, 18 во Гостивар, 13 во Штип и Тетово, 7 во Кичево, 6 во Куманово и Охрид, 5 во Виница и Прилеп, 4 во Струга и Делчево, 3 во Битола, 2 во Кавадарци и Пробиштип и по еден во Струмица и Берово.

Починати се двајца пациенти, еден од Скопје (70г.) и еден пациент од Штип (75г.). Пациентите се починати во болнички услови.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 152 оздравени пациенти.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 12970,  бројката на оздравени пациенти е 9513, на починати е 549, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2908. Досега во земјата се направени вкупно 128.938 тестирања на ковид -19.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 2 пациенти.  Вкупно се хоспитализирани 76 пациенти. На кислородна поддршка се 40 пациенти, нема на механичка вентилација.

Во болницата во Козле се хоспитализирани 19 возрасни пациенти позитивни на ковид-19 и 8 деца позитивни на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ примени се 5 нови, вкупно хоспитализирани се 74 пациенти. На респираторна машина се 3 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 21, а во болницата во Штип се хоспитализирани 41 пациент. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 120 пациенти – позитивни и сомнителни на ковид-19.