Министерството за здравство (МЗ) денеска информираше дека Институтот за јавно здравје регистрирал 44 оздравени пациенти.
Во изминатите 24 часа, МЗ информира дека се регистрирани 13 потврдени случаи на Ковид-19, односно, регистрирани се пет случаи во Велес, по три во Прилеп и Тетово и по еден случај во Куманово и Битола. Со ова, вкупната бројка на дијагностицирани во нашата земја се искачи на 1.539 лица, додека бројката на активни случаи изнесува 394 пациенти.
Од министерството информираат дека починале две лица.
„Во ГОБ ‘8 септември’ почина пациент од Прилеп на возраст од 55 години, хоспитализиран на 22 април, кој 13 дена бил приклучен на респираторна машина. Во болницата во Битола почина пациент хоспитализиран на 4 мај како сомнителен на ковид-19, чиј брис постмортем покажал присуство на вирусот“, се вели во соопштението на МЗ.
Во изминатото деноноќие на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби е примен еден пациент, а вкупно таму се хоспитализирани 42 пациенти. Од нив на кислородна поддршка се 15 пациенти, а на механичка вентилација се тројца пациенти.
„Во ГОБ ‘8 септември’ примени се 5 нови пациенти, а вкупно хоспитализирани 17. На респираторна машина е 1 пациент, а уште 4 се со потешка клиничка слика” додаваат од МЗ.
Досега во земјава се направени вкупно 17836 тестирања на Ковид -19, додека во изминатите 24 часа се направени 292 теста.