126 нови случаи на Ковид-19 и четири починати изминатово деноноќие

Министерството за здравство информираше дека изминатово деноноќие регистрирани се нови 126 случаи на заразени со Ковид-19, додека четири лица починале како последица на вирусот.

Новозаболените случаи се регистрирани од вкупно 1.140 направени тестирања. Најголемиот дел од нив се во Скопје (66), Тетово (19) и Штип (15), додека заболени се евидентирани и во Куманово (6), Кавадарци (4), Прилеп и Ресен (по 3), Струга, Велес, Гостивар и Пробиштип (по 2) и Битола и Свети Николе (по 1 случај).

Починатите четири лица се од Скопје, Прилеп, Тетово и Гостивар.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 48 оздравени пациенти. – Скопје (43), Ресен (3), Штип (1) и Битола (1).

Досега во Северна Македонија се направени вкупно 60.773 тестирања на Ковид-19. Денеска немало тестирања во рамките на скринингот.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани од почетокот на епидемијата изнесува 6.334, бројката на оздравени пациенти е 2.475, на починати е 302, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3.557.

Од Министерството за здравсто информираат и дека:

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 8 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 92 пациенти. На кислородна поддршка се 43 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.

Во болницата во Козле се хоспитализирани 23 возрасни пациенти позитивни на ковид-19, три деца позитивни и четири со симптоми на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ примени се 18 нови, вкупно хоспитализирани се 140 пациенти. На респираторна машина се 11 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 45, а во болницата во Штип се хоспитализирани 33 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово и Прилеп се хоспитализирани 74 пациенти – позитивни и сомнителни на ковид-19.