10 прашања со режисерката Ана Јакимска и (из)вонредна проекција на „Неонски срца“ и „Ќе дојдат децата“

На 17-ти мај (недела) 2020 година, во 19:00 часот, наместо да ја „бинџате“ истата серија по навика, може да ја следите втората (Из)вонредна проекција на „ZOOM“ и краткометражните филмови „Неонски срца“ и „Ќе дојдат децата“ на режисерката Ана Јакимска.

Пријавувањето за учество е на ОВОЈ линк, а непосредно пред проекцијата, и поставивме и 10 изолациско-филмски прашања на режисерката.

1.Мислам дека животот ми го режиралa..?

Грета Гервиг.

2.Опиши се себеси со три збора?

Сакам да читам.

3.Опиши ги твоите филмови со три збора?

Не се лоши 😊

4.Додека истражуваш за нов филм што најмногу читаш?

Зависи од филмот и неговите потреби. Кога го правев „Ќе дојдат децата“ го читав Владимир Проп за структурата на бајката, собраните дела на Марко Цепенков и научни трудови од областа на етнологијата. За „Неонски срца“, го читав Тони Кушнер со „Ангели во Америка“, драмски текст. Сега, за новиот филм, ја читам поезијата на Рејмонд Карвер.

5. Ако треба да режираш филм за пандемијата како би го насловила и во кој жанр би спаѓал филмот?

„32 Март“ – магичен реализам.

 6. Топ три филма за гледање во изолација?

„Whisper of the Heart“ – Joshifumo Kondo,  „The Square“ – Ruben Oslund,  „OKJA“ – Bong Joon Ho

7. Како си ги режираш деновите поминати дома за време на пандемијата?

Задржувајќи ја свесноста за мојата привилегија сама да си го организирам денот според моите желби, без поголеми грижи за иднината на мојата егзистенција, ова време го користам за да се фокусирам повеќе на пишувањето и на развивањето на приказни што треба еден ден, ако не се случи уште некој позначаен апокалиптичен настан, да прераснат во филм. Секако, редовно одвојувам време да ги следам пресовите на Министерството за здравство и ги следам сите препораки.

8. Омилено хоби?

Пешачење со аудио книга на слушалки.

9. Песна што ми е саундтрак периодов

„OMD“ – Enola Gay.

10. Филм кој ми го смени животот

„The Wizard of Oz“ (1939, Viktor Fleming и King Vidor)