Универзитет ги учи студентите да преживеат 15 дена со седум и пол долари

Секое лето, универзитетот во Жеџианг им дава на своите студенти по 7,50 долари и ги праќа да живеат во непознат град две недели.

Кон крајот на јули, јас и уште десетина од моите колеги од Универзитетот Жеџијанг патувавме 2.000 километри од нашиот кампус во источна Кина, до Кунминг, главниот град на провинцијата Јунан, на далечниот југозапад. Кога стигнавме таму, бевме соочени со предизвик како никој дотогаш: со само 50 јуани (околу 7,50 долари) во нашите џебови, моравме да преживееме во непознатиот град цели 15 дена. За среќа, во 17-те лета во кои нашиот факултет ја води оваа програма, никој од 600 учесници не потфрлил. Оваа година, исто така, покажавме дека не сме поразлични од другите. Но, бидете сигурни, тие две недели беа како реална верзија на Игрите на гладта.

Овогодинешните учесници беа избрани од вкупно 500 апликанти. Од некоја мазохистичка причина, ние се натпреварувавме за честа да бидеме гладни и сиромашни. Сите од пријавените беа или втора или прва година на факултет. Ни кажаа дека за да преживеат, учесниците од изминатите години правеле сè што можат, од миење садови и автомобили, до чистење на чевли, доставување на вода, па сè до свирење на улица. Некои успеале да добијат работа и на градилиште, каде товареле бетон и вреќи со песок. Иако училиштето праќа советници да нè надгледуваат, имаат поразличен пристап – не прават никакви интервенции,освен кога треба да се осигураат дека сме сосема безбедни.

За жал, никој не ја зеде предвид инфлацијата и џепарлакот од 50 јуани има помала потрошувачка моќ секоја година. Без разлика дали се работи за оптимизмот на организаторите или едноставна инерција, нема никакви промени на правилата откако почнала во 2000 година: 50 јуани, 15 дена, нула помош. Освен за храна, секој учесник мора да плати по 20 јуани за да најде место за спиење. Тоа значи дека имаш два избори: или ќе најдеш некаква работа првите два дена, или ќе живееш во срамот да бидеш првиот и единствен ученик кој се откажал во 18-те години откако постои програмата.

Ние баравме работа како метачи на улиците насекаде, од канцелариски згради, споредни улични и трговски центри, но секаде нè одбија. Освен имплицитното барање дека ни треба работа за два дена, товар ни беа и рестрикциите и правилата кои прават да биде сè потешко за студентите како нас да најдат вработувач кој е волен да ни даде работа, бидејќи нивниот иницијален интерес веднаш би се претворил во разочарување кога ќе откриеја дека сме студенти.

Во кампусот, имаме релативно безгрижен живот. Освен месечниот буџет од 1.000 јуани кои ми го даваат моите родители, имам и полувремена работа која ми носи 400 јуани на месец. Најбогатиот колега од мојот клас има месечен буџет од 20.000 јуани. Секако, некои од моите колеги доаѓаат од многу поскромни семејства: наместо да добиваат џепарлак од родителите, од нив се очекува да пратат дел од свите пари кои ги заработиле за да им помогнат на семејствата.

Да се живее со сопствените средства значи дека треба да се донесе низа на свесни избори, особено кога станува збор за храна. Кога и да почувствувавме глад, станувавме нервозни. Некои работеа по четири работи на ден, спиејќи само два-три часа секоја ноќ. Други, во обид да штедат на храна, не јадеа повеќе од неколку парчиња леб на ден. Сакајќи да ги намали своите трошоци, студентка на психологија се ценкаше со уличен продавач на кифли кој ги продава по еден јуан, за неа да ги дава на половина цена.

Имаше и такви што, откако поминаа три дена како продавачи или во делење на флаери, успејаа да најдат работа како кошаркарски тренери. Други отворија свој бизнис на WeChat, популарна социјална мрежа, и продаваа специјалитети од Јунан, како колачи со сушени цвеќиња. Имаше дури и студент по англиски, апсолвент, кој заработуваше преку поправање на изговорот на англискиот јазик на своите клиенти на интернет. Имаше и такви кои уште вториот ден имаа само по 2,2 јуани во џебот, соочувајќи се со неизбежен пораз. Сепак, сите издржавме. Некои од нас можеа да користат Alipay или WeChat Wallet, апликации за префрлање пари, за без никој да не знае да добиеме по некој јуан од пријателите, но никој не сакаше да мами.

Во тие две недели, секоја работа која ја работев вообичаено ја извршуваа членови на најниските рангови на општеството, а многу од нив вклучуваа нешта кои никогаш не сум помислила дека ќе ги правам. Додека управував низа телефони, добив длабока почит за тоа колку роботски, досадно и безнадежно може да направи работата да се чувствуваш. Сепак, навистина има луѓе кои поминуваат години и години, одговарајќи и поврзувајќи повици, или менувајќи една неважна работа за друга. Некогаш немаш избор.

Продавав весници, иако многу малку луѓе во Кина ги читаат денес. Но, кога и да слушнеа за нашата мисија, многу од жителите на градот беа среќни да купат весник, само за да ни помогнат. Бизнисмени кои беше јасно дека немаат потреба да читаат весник и да платат копија, само за да ни помогнат да собереме доволно пари за појадок. Дури и некои постари жители кои не можат ни да читаат веќе, купуваа само заради нас.

Често се среќававме со „ченгуан“, градските офицери задолжени да одржуваат ред и мир на улиците. Можеа да ни замерат за невообичаените тактики на продажба, но ни прегледуваа низ прсти. Некои, забележавме, беа дури и љубезни и ги предупредуваа нелиценцираните улични продавачи дека треба да ја соберат тезгата и да си одат дома порано наредниот ден, за да не бидат казнети при рутински операции за чистење на улиците.

Но, не беа сите кои ги запознавме  во градот грижливи. Една дождлива сабота во Кунминг, додека моите колеги и јас чекавме да бидеме исплатени, забележав една средовечна жена со најголемите очи кои сум ги видела. Мислам дека и протекуваа чевлите и и беа мокри чорапите, па си ги замотила стапалата во пластични кеси пред да ги напика во чевлите.

„Нареден пат кога ќе те видам да шеташ на толку вода, можеш едноставно да си одиш“, го начув човекот кој плаќаше како и кажува. Само нервозно се насмевна и си ги обвисна рацете.

Имаше еден учесник кој беше на доктор, и го измамија да плати 1.000 јуани од некој кој продава лажни лекови. Друг, се сврте на секунда додека продаваше весници и му го украдоа телефонот. Јас пак, на крајот на програмата се обидов да купам специјалитети од Кунминг како подарок за моите родители, и за малку ќе платев 300 јуани.

Според нашиот универзитет, оваа вежба за „урбано преживување“ треба да им помогне на студентите да се адаптираат компетитивната и кооперативната страна на модерното општество, истовремено давајќи има шанса да го искусат живеењето во реалниот свет и наоѓањето на работа. Универзитетот е загрижен дека неговиот оригинален курикулум веќе не е дел од реалноста на животот, и дека многу дипломци си одат од факултет неподготвени или неприлагодени на тоа што ги чека.

Јас мслам дека големата сила на универзитетите лежи во давањето слобода на студентите да ги прават своите грешки. Ова беше прв пат за нас да се симнеме од кулата со боја на слонова коска, и одеднаш се најдоме во најнискиот ранг на социјалната скала. Набрзо требаше да се откажеме од нашата гордост и да ги поразиме нашите стравови. Сепак, после две недели празен стомак и нервозен ум, сите преживеавме. На крајот на програмата, целиот тим заедно заработи профит од 12.000 јуани, кои ги дониравме на најсиромашните колеги кои ќе започнат со студии оваа есен. Моите родители никогаш не ги имале можностите кои јас ги имав во животот, и сега, откако изодев многу милји во нивните чевли, имам подлабока почит за тоа низ што сигурно поминале за јас да бидам таму каде што сум денес.

Женг Ченји , студентка на Женџианг Универзитетот, која учествувала во двенеделен курс за урбано преживување во Кунминг, провинцијата Јунан