ЗНМ излегува на протест на 1 септември за ослободување на новинарот Божиновски

Здружението на новинари на Македонија за 1 септември најави протест за ослободување на новинарот Зоран Божиновски. Како што соопшти претседателот на ЗНМ Насер Селмани, протестот ќе се одржи пред Основниот суд во Скопје, каде истиот ден е закажано првото рочиште од судењето на Божиновски.

Пред два дена, со писмо упатено до претседателот и до јавниот обвинител, Меѓународната федерација на новинари побара итно и безусловно ослободување на Божиновски.

Предметот за Божиновски остана во надлежност на Јавното обвинителството, иако предметот Шпион е во надлежност на Специјалното јавно обвинителство. На рочиштето на 1 септември се очекува да се појават обвинители од двете обвинителства.

Зоран Божиновски беше уапсен на 21 април по неговата екстрадиција од Србија и оттогаш е во притвор.