„Златно јаболко“ – анимирана серија инспирирана од словенската митологија

Бугарското студио за анимација „Змеј“ веќе три години, без никакви средства и во слободното време на аниматорите, работи на создавање серија инспирирана од словенската митологија, наречен „Златното јаболко“.

Се работи за теми засновани на источноевропската митологија и фолклор, а во серијата ќе се појават змејови, самовили и други магиски суштества, но дејството на серијата, иако ставено во егзотичен, фантастичен контекст, ќе се занимава со современи теми, со кои гледачот лесно може да се идентификува.

Според студиото, проектот е дојден до фаза во која не може да продолжи без финансиска поддршка, па затоа се решиле да започнат кампања на Kickstarter, со која се бараат пари за изработка на 24 епизоди од овој серијал.