Жителите на Карпош 4 си ја раззеленуваат населбата

Локалните жители од населбата Карпош 4 утрово ја почнаа акцијата за садење дрва во нивната населба. Иницијативата ќе се спроведе на неколку места, а за почеток се садеа дрва во паркот на булеварот „Партизанска“, спроти пицеријата „Доминос“.

Настанот е организиран од иницијативата „Ние сме Карпош 4“, со поддршка на еколошкото здружение „Еко-свест“. Дрвата кои се садат жителите симболично ги обележуваат со името на нивната локална иницијатива.

Жителите, од претходно, ги повикаа граѓаните кои сакаат да им се приклучат дека е потребно да понесат само лесна облека, ашов, лопата, ракавици и желба.

Фотографиите се преземени од фејсбук страната „Заедно за заштита на зеленилото во Карпош“.