Жители на Тафталиџе утре организираат собир против бетонизацијата на населбата

Во моментов на територијата на Тафталиџе 1 во изградба се над 25 повеќекатници! Граѓаните покажаа иницијатива за спречување на урбаната мафија и утре (28 јуни) на улица „Варшавска“ 19, веднаш до детското игралиште се организира собир на граѓаните со почеток од 19 часот, соопштуваат од иницијативата „Зелено Тафталиџе“.

Радио МОФ разговараше со дел од локалните граѓани кои велат дека локацијата на собирот не е случајно одбрана. Веднаш до детското игралиште ќе никне осумкатница, на местото каде имало дивоградба, па собирот ќе се дискутира за тој објект и сите низ Тафталиџе и општина Карпош.

Истовремено, велат граѓаните, идејата е и да се мотивираат и самоорганизираат локалните жители да превземаат мерки за заштита на маалото пред да се „удават“ од несанирани канализации, смог и бетон.