Жители на шкотско село со фенови се борат против брзите возачи

Жителите на малото шкотско село Хопман облекуваат флуоросцентни елеци и насочуваат фенови за коса кон автомобилите, имитирајќи полицајци со радари.

Тие стравуваат дека некој може да биде сериозно повреден убиен од брзите возачи, бидејќи автомобилите поминуваат низ местото и со брзина од 90 километри на час по патот кој поминува низ приморското село.

„Многу е опасно, брзината со која се одвива сообраќајот низ Хопман е навистина сериозна, особено кога наутро децата одат на училиште“, вели локалниот советник, Денис Слатер за шкотскиот сервис на ББЦ.

„Ние не сакаме да стоиме облечени во светлосни елеци и држејќи фенови во рацете, но сакаме да ја истакнеме очајната ситуација на луѓето кои соопштуваат – ве молиме забавете кога поминувате низ нашата заедница“, додава тој.

Шкотската полиција преку соопштение соопштила дека сообраќајната безбедност е приоритет особено во североисточните делови.

„Свесни сме за поплаките за брзо возење во Хопман, за кои продолжуваме да реагираме. Тоа се совпаѓа со нашите покраински приоритети и со Операцијата ЦЕДАР (скратеница од полициска операција за спречување, едуцирање, детекција и намалување на сообраќајни инциденти), која е насочена кон намалување на бројот на сериозни и фатални сообраќајни инциденти во североисточните делови на Шкотска“, објасниле од полицијата.