Жените во Исланд протестираат за еднаква плата

Илјадници жени работнички низ Исланд го напуштија работното место во понеделникот во 2:38, за да протестираат затоа што се помалку платени од своите машки колеги.

Исланд е најдобра држава во светот кога станува збор за родова еднаквост, но сепак жените заработуваат по 14 до 18 проценти помалку во просек од нивните машки колеги. Според синдикатите и женските организации, ова значи дека за секој осумчасовен работен ден, жените работат без да бидат платени од 2:38 часот.

Во главниот град Рејкјавик, илјадници жени се собрале во централниот плоштад Аустурволур, откако си заминале од своите канцеларии, продавници, фабрики и училишта, каде би требало да работат. Слични, но помали протести се случиле и на други места низ државата.

Во протестите учествувале од прилика 90 проценти од сите жени во Исланд, напуштајќи го работното место и одбивајќи да готват или да се грижат за децата, за да привлечат внимание кон нивната важност за општеството, но и недостатокот на политичка моќ и еднаква плата.

Ваков масовен протест се има случено во Исланд и во 2005 и 2008 година.