„Жените и по некој маж“- самостојна изложба на Зоран Кардула

Македонскиот графички дизајнер Зоран Кардула ја организира својата втора самостојна изложба во Скопје.

Тема на оваа изложба, како што појаснува уметникот, ќе биде исто како и во претходната, „Жената” – нејзината убавина, мистичност и елеганција, но како што гласи и името на самата изложба се појавува и по некој маж.

„Делата ми се изработени во дигитална графика (комбинација од туш техника со дигиталнен колорит)“, вели Кардула.

Ќе бидат изложени 40 дела изработени во периодот од 2015 до 2017 година.

Изложбата ќе биде отворена од 25 март до 31 март во Чифте амам.