Жени за жени – со рециклирање гардероба до заштеда на пари и заштита на природата

Една може! и Комерцијална Банка на пат кон новиот тренд во текстилната индустрија Women for women-Recycling and Upcycling

Здружението за еднородителски семејства „Една може!“ на 25 август во своите простории ќе одржи продажен настан „Recycling, reusing and upcycling – Women helping woman“ во рамки на проектот „One made – Handmade“.  Ќе бидат понудени искреирани парчиња на веќе носена, но добро сочувана облека. Идејата е да се укаже на негативните последици од потрошувачката треска, како и да се актуелизира рециклирањето како начин за заштеда на пари и  заштита на планетата од загадување.

Настанот почнува во 19 часот, а се работи со помош на Комерцијална банка.

„Мас-потрошувачкото општество не притиска да трошиме и кога не треба, а со тоа да произведуваме отпад кој е штетен за целата планета. Организацијата на еднородителски семејства Една може! реши дека сака да го смени начинот на кој светот мисли за модата и да го возврати ударот со рециклирање и реупотреба, пренамена на веќе постоечки производи во вид на облека и алишта.

Деловниот работен простор им овозможува на нашите креаторките и нашите дизајнерки секојдневно и непречено да ги изразат своите силни имагинации и ќе ги насочат вештите раце на самохраните мајките. Создаваме неодоливи парчиња кои ќе имаат специјално место во Вашите плакари, но радоста ќе биде и во нивната соодветна практична намена, зошто ќе ја говорат приказната за едно еко-свесно и креативно општество.

Заедничарењето кое го правиме за Една може! промовира навистина инспиративна идеја дека модата може да биде еколошка, етичка и ефтина, а воедно да ја зголеми самодовербата преку економска независност на самохраните мајки.

Дизајнерските производи ќе бидат изложени во дневниот работен простор на Една може!, за сите кои се во чекор со модата, а воедно и љубители на креативни дизајнерски парчиња, но во исто време и еко свесни личности“, стои во поканата за настанот.