Згаснува брендот Моторола

Моторола, брендот кој го измисли мобилниот телефон и ја донесе легендарната „Моторола цигла“ ќе прекине да постои, пишува Гардијан.

Откако брендот беше купен од кинески Леново во јануари 2014-та, Моторола имаше успех во последните две години. Го лансираше Мото Г што му помогна на брендот да постигне раст во продажбата на пазарот од -0% до 6% во Британија.

Смартфонот Мото Г го оживеа брендот, откако Моторола произведе повеќе од 10 милиони паметни телефони во третиот квартал од 2014 година, што е за 118% повеќе.

Но сега Леново објави дека ќе го згасне пионерското име на мобилни телефони. Ќе биде задржано само името Мото, делот од продуктот на Моторола кој привлече најмногу внимание во последните години, додека смартфоните на Мото ќе бидат брендирани под Леново.