Земјотресот во Скопје бил посилен – 3,1 степени

Наместо првичните 2,7 степени, Европско-Медитеранскиот сеизмолошки центар ги смени бројките за земјотресот во 12:52 часот, па сега како магнитуда стои 3,1 степен според Рихтеровата скала.

Исто така, не бил на длабочина од 5, туку од 1 километар.

Епицентарот е 6 километри источно од Скопје, односно 5 километри северозападно од Арачиново и 5 километри од Јурумлери.